27.12.12

Поштена работа, ко и секоја друга

Царевата Ќерка:

ах зошто опцијата за постирање си ја избришала
некоја будала нешто глупост да не пишала?
та сега морам да ти се обратам на мојов профил
иако твојот и без опција таква ми е мил.

во овие бедни утрински часови
ко споулавена, ми се слушаат гласови
зар полудев или допрва ме тоа чека?
да го зграпчам ли денот ил да се фрлам в река?
од сегде ми шептат гласови во уши
“прекини, глупачо, цигари да пушиш
одма да и пишеш на Раца поема
пред државава, поради тепачките, да ви ја снема“


а јас, сестро, цела запрепастена
дал бладам, дал мислава не ми е спастрена?
гласовите, тие да ти биле инспирација
и често ги слушам, како поетеса по вокација
а и џабе ми се стресе мене битието
кога ти си таа што е по суеверието.

јас и не дека сакав нешто посебно да речам
ама штом ме инспирираш, жива нек ме печат
ако таа инспирација не вроди со песна
па макар и некоја без приказна бесна,
иако да не се лажеме тука пред рајава
од приказни за тебе немам место во одајава
иако не знам на пример дали е во ред
да спомнам за твојот ангажман пред сиот свет:
можда не те вработија онде во биртијата
но врати ти отворија во порно-индустријата
и тоа без да мораш сантим кожа да покажеш
туку во тоа што си најдобра да се докажеш:
царица на перото, владетелка на речта
со прљав збор да разбудиш нечија мечта
да посака човек да кликне на клипот
со голотија да си го излечи и грипот
та нема ништо срамно во малце снимен секс
во овие времиња, кога се се праи на екс
човек време нема да развива фантазии
ко на времето, кога си светеле на газии
сега човек сака да испразни семе
на клип со блондинка и со младич темен
и зошто да нема некој опис што ќе даде
„погледнете како му го шмука тоа маде“
и уште и за истото паричка да земе
да врзе крај со крај, да си олесни бреме
та секоја професија чесна е пред суд
освен таму каде што се живее од туѓиот труд!

ах, ќе ни судат луѓе и простаци бедни
некој може ќе не нарече неморални, безвредни
но јас од суд малограѓански немам страв
во животчево треба човек да си држи некој став
(а пред да ме убиеш, ил да почнеш да ме риташ
знај дека мајка ти статусов нема можност да го чита).

Штрафта Мачка:

И сам Софокле имаше изјавено
Што го прашаа "О, како е објавено?"
(за некое од тие знајни дела)
Па им рече овој, со брадата бела:
Не сум јас писател беден

Сам за зборот свој вреден!
Боговите ми ги пуштаат своите музи...
О! Тие жени што не носат блузи!
И тогаш јас ги слушам делата во стих,
запишувам зборој и не сум многу тих.
Урлам по дома ко разбеснет кадија
Што сам си пресудува вжештена провалија.
Да, така им кажа пријателот од антика
и верен на перото, се лиши од романтика.

На музите тоа им кинеше срца мили,
Казнете ме ак лажам, не штедете сили!
Затоа драга, гласови ти зборат често,
Оти на дамите музи не ги држи место.

И тоа е еден дел од приказната, па ајде
Да ти раскажам за Софокле и следно шо го снајде.
Реков јас, немал тој време за афери
Ни за чесни жени, ни за љубовни профитери.
Толку бил посветен на перото и зборот,
Што верувај ретко да го зачистел и дворот
Знаејќи за ова и за судбата ми клета -
Со перото едно, ко кечап и шпагета,
Зар можев друго од музите да барам?
Бар фикција да владеам страсна
Не осудувај се свету да ја нарекуваш гнасна!
Да опевам за вечност да им дарам така
На луди авантури љубовни ил игри со рака...


(26.12.2012) 

No comments:

Post a Comment