23.12.12

Таа плете со розова волна

Штрафта Мачка:

о кутра, бликам ко сијалица
од возбуда ќе се штракнам со спајалица
за некој ден драга ќе си при мене
не треба дигитрон да се преброи време
зар еци не ти спомна?
ви сплетов нешто од розева волна
само ако не го носите кучко
ќе отворам дуќанче равно на вучко
штом богата станам од својот труд
к*р ќе ме боли дали сте во студ
чужџи жени нек моето го носат
ќе си ги остам другарките на улица да просат

но ако среќни подарокот го примите со душа
ќе ве почастам мила и ракија од круша
јас знам дека розево те плени
па ние сме едни модерни жени!

Царевата Ќерка:

ни оркански ветер среќава не ќе ја смете:
кој друг среде лете волнен џемпер ми плете?
ко влада што за иднината на граѓаните се грижи
ко баба што пред внучјите потреби не мижи
ти така се саклдисуваш за моите идни зими
најголеми почести за овој потег прими.
о свети нек се вечно твоите мали рачиња
ти плетеш ко што предат новородени мачиња
со еци двете вечно в закрила сме твоја
без твојот труд ќе мрзне душава моја
бронхитис, грип, настинка или пневмонија
волната е лек за секоја агонија
а ти лек си за мојава душа
ако просерам за розевото, да ме фатиш за гуша!

 (29.06.2012)

No comments:

Post a Comment