23.12.12

Се скаравме, ко и секој пар

Штрафта Мачка

нашето другарство силно ко брк
сега е шупливо ко џеб на грк.
ти и еци ја лажеш, те знам ма
ќе ти барам развод ко да сум во драма.
о еден ден ќе ме бараш крај себе
се што ќе имаш ќе е моето ќебе
на кое шо ја породи кучката твоја
и сфати дека не се живее од соја!
ако некогаш посакаш пак драга
да раснеме другарство со бркова снага
може ќе бидам тука и уште ќе те чекам
а може и не, па размисли сега.


Царевата Ќерка:

та бркот не е нежен, со влакненца мали
лесно е кинлив и лесно се пали.
„другарството ни е ко брк“ ако срочиш
у превод значи „нејќам да ти видам очи“.
но јас знам тој пмс дека ти е сопка
и сега ќе пробам да смирам топка.
другарството наше е однос редок
по раскрсници и лифтови сал јас бев сведок.
јас тајни твои знам, ти мои каприци
ти прдежи мои трпиш, а јас твоите крици.
и в пекол сме биле, но често и во рај
та, ти најдобро ми вариш вода за чај.
кој друг ми готвел тарана и гулаш,
не е сега време да се праиш буљаш.
не ретко после некоја кафана
по три дена на раце сум те носела збрана.
чак што више и твоето ќебе
сум го перела ручно - немој да ме јебеш.
јас знам дека ова другарство не ќе згасне
туку по секој твој пмс само ќе расте.
п.с. не би сакала да бидам олош
ама еци не побара од тебе помош
пошо се плаши од твојот фашизам
за грешки во граматичен формализам.

Штрафта Мачка:

срам те било - жено сексиста
тргај раце од мојата пмс-листа
и самата знаеш колку е тешко
брк да раснеш на времево жешко.
о сум готвела и чистела за тебе
а ти се фалиш со испрано ќебе!
велиш на раце ме носеше кога не можев да одам
зар мислиш дека ми е лесно низ животов да бродам
со жена ко тебе на плеќи шо ја носам
и пак место ко вол да потам, симпатично само да росам.
колку утра очи сум стискала силно
до три да спиеш ко бебенце милно
и секогаш на маса те чекаше кафе благо
а јас мавав желба - остави ја, таго!
но, ако, во мојот поетски опус
секогаш е најбистар твојот фокус.
та не можам јас против ова срце мое
што среќно го ора љубовното поле
штом твојата лика среќна ја видам
и јас самата среќна ќе бидам.

Царевата Ќерка:

знаев дека подло ќе го продлабочиш овој јаз
со подмукла забелешка за мојот дебел газ.
та да не бев јас стрвна за поголем ручек
на чиј газ ќе пловеше в охрид ко на душек?
но нема да дозволам да се иритирам
ко ганди, на омраза со љубов ќе те смирам.
ах точно е дека за мене си дала жртви
но дека не спијам до 3, ќе сведочат и мртви!
та со таква луда ранобудна жена ко тебе
покасно од 10 не би спиело ни бебе.
ти кога ќе решиш дека треба да се будам
кафе вариш и напињаш дур не станам - се чудам
како ич немаш разбирање за мојта потреба од сон
твојата себичност би убила и слон.
а зар се жалам јас на твојата залетаност в небо
час се смееш, час тажиш, час го колнеш лебот?
та кој да најде крај на твоите нарушувања
зар маченик не сум што трпам без испрашувања?
и не чепкај ме мене со етикета „сексистка“
поголема сум ЖЕНА и од најјаката анархо-феминистка!
п.с. да негирам немам срце дека чистиш и готвиш
но зар тоа не е твоја должност света?
дур јас гледам ТВ, ти да се мачиш и потиш
зар не е тоа судба на секоја сопруга клета?

Штрафта Мачка:

пред грешките твои спуштам ролетна,
та секогаш ми купуваш хартија тоалетна.
о знам ќе пројде време
дур не го убиеме тешково бреме.
се молам јас гласно за уште утра такви
мензисите со тебе ми се чинат кратки...
дека жена ќе ти бидам верна
и дека супа ќе ти варам на рерна
чесен мој е збор!
инаку бесполезен ќе сум само створ...
но некогаш можеш да ми кажеш дека сум лична
и пофали ја мојта фигура одлична
ах треперам од радости цела
не било крај на љубовта ни врела!
мојта нестабилност и нарав чудна
си најде место покрај твојта душа блудна
којзнае кај ќе беше сега оваа жена ива
на некое брдо ко осамена слива
то не! твојта рака цврста на земја ме држи
за тоа вреди цел живот зеленчук да ти се пржи.
ах одам солза да капнам
и едно лепче со мајонез да лапнам.
колку те сакам и самата знаеш
ако ме изгубиш кучко, многу ќе се каеш!!

Царевата Ќерка:

клета да сум, кога пак ќе ти се скарам
жежок бокс в лице ако не си дарам!
та животов е прекраток да се биде гневен
на друшката, место на капитализмот ревен!
непријателот мој не е другарот и брат
туку гнасниот, беден државен апарат.
вечно ќе си ја повторувам оваа максима
(а ти фигура имаш како андријана лима).
штом и за веганството мое разбирање добив
тоа во животот наш важен е пробив.
ете, од срцево ми падна грамада
у нашој љубави опет имам нада.
вечно ќе си бидеме братче и братче
или сопрузи верни, на животно патче.
но кучко, еден услов имам битен:
тебе те сакам, но друшка сум со сите,
кон еци да немаш љубомора бедна
та трите сме членки на заедница една
за почит, љубов и лојалност вредна!
... а сега во мира да учам ќе седнам.

(30.08.2012)

No comments:

Post a Comment