27.2.14

Нека пукне брука

Царевата Ќерка:

јас знам дека ти ко секоја алтернативка
се срамиш да кажеш дека во ноќта тивка
скришно си отвараш фолдер џибони
(строго на слушалки, да не судат морони)
си ја пушташ либар и солзи си рониш
секој што те хејта в мајчината го гониш...

6.2.14

Обид за брачна саботажа; дволично курве узврача ударац

Царевата Ќерка:
 
морам да ги потсетам друшките мои две
во надеж дека ќе се предомислат за се
во последен миг, бурма ќе фрлат скапа
и ќе сфатат дека мажачката е тапа...

волим мајко стара ја слободу
ко што риба воли само воду
не треба ми мајко брачна веза
јер је увек тежа од пореза

24.1.14

Емо песна

Царевата Ќерка:

ко сираче оставено само на себе
друшките ми рекоа „ма кој те ебе
ни малку не мислевме ние на тебе
без друшка се може, но не и без бебе
и сопруг нежен, грижлив...“

разбирливо е дека јас на ова спиздив
и почнав да кршам предмети по дома
за малце ќе си кладев на вратот ортома
и ко Бог што ги казни Гомора и Содома
ќе ги казнев нив двете...

и кога на распуст ќе дојдеа лете
на гроб мој да мораа цвеќе да носат
за прошка од мене, мртва, да просат
со грешките свои кобни да се сносат
дур не паднат в земја...

22.1.14

Раѓачки на македонски чеда


Штрафта Мачка:

Господари на народот, вие со границите
најдобро прилегате обесени во кланиците. 
И времето, нашиот непријател вечен 
човек штом би бил би го тепала слечен
ко учител што тепа бесно дете
ко мачка шо и смета на бабата шо плете.

21.1.14

Писмо на далечина

Штрафта Мачка:

сто посто си заборајла во стихови да читаш
и да пишам - ко мене понекогаш си викаш
ааа! и јас не сум во екот на инспирација
па често во стомакот во вид на контракција
ме мачат рими и метафори болни
и строг глас од небото ме колни:
о пиши и на твојта муза прва
не цвеќиња, а ги пресекоа сите дрва
па пролетта нејќе да пркне ни за час
та ете в јануар, со време и јас
пак ко пушкин, стариот другар
на перото ќе му бидам слуга!

2.12.13

Една озбилна

Штрафта Мачка:

во чаша вино, надвор снег бел 
уш некој сат радијаторот е врел 
и студ ќе пополни соба празна 
и цвеќе ќе свене во теглата-вазна... 
(таква улога и дадов, аман 
штом го изедов мајкиниот ајвар). 

3.9.13

We are back! А со нас и Елица Верверица

Царевата Ќерка:
колку време песна си неаме пишано?
пола година, колку што се неам ни шишано.
а косава расте, до газ ми е бидена
цветот си цвета, ја мијам на три дена.
дал твојта шишка ветрец уште ја вее,
ил повеќе пример за здрава коса не е?