23.12.12

Рурална

Царевата Ќерка:

Зар не знаеш моја сакана жено,
ти си за мене што е за кравата сено.

Муза си моја, ко за вол што се пари
муза е кравата млеко што дари.

Ко штала без теле жална што зјае
душава без тебе за љубов си трае.

Ти, со гради како кравјо виме,
вечно го славам твоето име!


Штрафта Мачка:

сакана жено драга,
ко плевел ја корнеш мојата тага.
руралната поезија твојот е правец,
запеј и за козата и нејзиниот јарец.
ајде јас вечно муза ќе ти бидам
и ќе навикнам на стихот кој раѓа агресија,
 твојте строфи се војна и мир,
но никогаш не депресија.

(11.11.11)

No comments:

Post a Comment