23.12.12

На Шефот му беше роденден, а што је шеф и богу је драго...

Штрафта Мачка:

(обраќање кон Шефот по повод приликата во која сите подредени се потепаа да му честитаат)

абе ако ги слушаш заменициве си наебал
шо не ме назначи мене многу си се заебал
утре пак ќе ти честитет со песни - клише
а јас брат во стилот на франц прешерн
па среќен роденден, нека е за честито
живеј ми без корупција и молим, без мито
да си ифчекаме за мнучиња, за полни души
за убо да се пие, за убо да се пуши.
шо да ти кажам, веќе све сам си знајш
удри му на живот, зш утре ќе се кајш!

Царевата Ќерка:

мислиш сал ти способна си
поема да пишеш за нашиот шеф?
кучко клета, заборави ли
дека јас поомилена му бев?
зар ќе те назначи тебе, бедна
штом мене ме има при рака?
та ти си едвај вредна
студенти да водиш вака.
ти мислиш, ако си пробаш
през скајп да му излижеш чмар
ќе мисли тој (та, не е дрогаш!)
дека водство ќе ти даде на дар?
ох каков сон, симпатичен и нежен
макар нереален, утопичен сет
во твојто срце ко в мермер е врежен
да те стори шеф, па нек е клет!
јас нужно морам, задача е моја
да те одвратам од заблуди темни.
не смееш да мислиш, ти ил било која
дека кралици ќе бидете земни.
сал јас од сите, единствено сум
доблесна во доволна мера
мудро да искористам срце и ум
стадо кон прав пат да втерам.
ти сепак, не сакам да гледам
в тага и очај кај бродиш!
шефица не, но следбеничка гледна
по мои директиви да одиш.
зар тоа е малку, ако е сето
од Шефот лично дадено на збор?
ако не те среќи чекан и длето
неблагодарен си само створ!

Штрафта Мачка:

слушате ли, о небо, о божества свети
стигаат ли до вас стиховите клети?
плетенка строга од очај, гнев и бол
другарката сплела, и' влегол духот зол
куди и колне, остра е ко осило
од злоба ќе се разболи, а немаме носило!
отровна и тече крв низ срцето црно
штом фотеља се спомне - од љубов ни зрно!
та штом рими бараш да напишеш поема
биваше ли пред славата да останеш нема?
го славиме денот кога шефот се роди
еднаш израдувај се, може ќе ти годи
јас ли не сум родена за подвизи славни
малку да ме слушавте не ќе бевте бавни!
ами ќе итавте лесно кон победи со стил
но не! вам мракот ви е мил!
па оди кон јуриш и без да ме сакаш
вечно ќе сум тука, кај мислиш да ме враќаш?
ова лице мое, родено е да биде лидер
е.. не можам да ослабам, но имам кожен мидер.
шефе еве види шо ти мислит злобана ива
ако пропадниме ради твоите глупи одлуки, јас не сум крива!!!

(26.11.2012)

No comments:

Post a Comment