23.12.12

Како ќе не утепа државничко лудило

Царевата Ќерка:
штом чукне час да си умрам млада
(а старост не ќе видам, знам)
дал ќе ме бесат, ил палат на клада
ил од стриптиз ќе умрам, во срам
(кој се чуди, не бил тој в Балет
в кобната ноќ безобразна)
поентата беше, ќе заборавам, налет
главава ко да е празна!


да кажам сакав, како што почнав:
штом чукне час да си умрам млада
некој нек изусти пцовка сочна
в живот што толку си страдав!
од црн тумор на нежна плуќа
ако не паднам мртва задавена
тогаш, жими цигарава вруќа
од челик ќе да сум направена!

ако не е тумор, ќе е сообраќајка
со стокецон од Југославија
ќе испадне волан, ил в тркало шајка
ќе летам директ во провалија!
и нека не е стокецот беден
јас старост не ќе видам, знам
на пуста мака е животов сведен
евтин ко виршли во „Кам“!

има еден убиец позлобен
од стокец и тумор на дроб
моќен е и вишен тој клетник кобен
цел живот ме држи ко роб!
та не е тоа џем од слива
или било кој друг сладок порок
ако лажам да не сум Ива
ако погодам, славете ме ко пророк!

тоа е ситен во мозокот дел
невидлив со голо око
но способен да те потоне цел
ил да те вишне ко сокол!
НЕРВ се вика, и обичај има
да попушта по многу нервоза
да имав среќа, благодет да примам
та да ме фати склероза!
да напуштам спомен за лудило гнасно
во градов мој што се збива
и потаму уште, во светчето красно
кај разен народ в лудост плива!

државава ак не ме умре од живци
тогаш ќе ме умре Унијана клета
зар малце ни се проклети кривци?
од крај до крај, се ми смета!
џандар ак не ме пребие в штрајк
од мала плата ќе рикнам
зар на ваков пост се става лајк?
штом в земја сум, пак не ќе никнам!

ако орлите пак не излезат на парада
- дал ми е разумен судов -
тогаш ќе никне нов споменик-грамада
можда од Гоце Арнаудов!
пред избори негде ако си цркнам
не ќе се секирам за античките гени
нови поколенија преку ноќ ќе пркнат
министри ќе оплодуваат жени!

до бескрај да бројам, ноќва е темна
време си немам на претек
штом ми е таква судбата земна
тело нек ми најдат во гепек!

...а ако еднаш дочекам ете
в петок да не јадам леќа
пак ќе ме снајде истата судба
тогаш ќе умрам од среќа!

Штрафта Мачка:

о, не е за лајк, ни пофалба в интима
зборој немам, ни пак знам пантомима!
не е смешно, но урлам ко луда
ти ќе си осмо, по седумте чуда!

(некој се буни зошто нема опција ова да се шерне)

Царевата Ќерка:

Ете, Бог нејќе до други да стигне ваков блуд...
ќе го прашам зашто штом стигнам на Божји суд
 

Штрафта Мачка:

па подеси до статусот таму - видливост за нејзнајни и знајни
откриј ги пред светот жено, поетските пресвети тајни

Царевата Ќерка:

не сакам никој туѓ статус да ми гледа
незнајни борци шо има да ме следат?

Штрафта Мачка:

навикни се на слава, другарке бедна
ако не си за друго, за рима си вредна

Царевата Ќерка:

јас слава да барав певаљка ќе станев
со силиконска цицка пијаници ќе ранев
или на јутуб ќе отворев канал
секој бедник гревен славен таму станал

Штрафта Мачка:

о усто преполна змии и камења
зар да зборам за погани славења?
ко на големите ацо, кочо, ацо млади
славно нек одекнат и твоите балади
 
 
 

(27.11.2012) 

No comments:

Post a Comment