23.12.12

Толку сме кич авангардни (за Рамбо, легиите и мастурбацијата)

Ш.М.: Еднаш реков ќе кажам пак
нема маж кој ко шанкот крепи.

Ц.Ќ.: Шанкот меѓу луѓето делба не прави,
чести тој и глуви и слепи.
И ајде нека ти каже сега некој,
немој, остави, не пиј.
 

Ш.М.: Да не беше тоа прекрасно дрво
ќе бевме осамени во непознати степи.
 
Ц.Ќ.: А што вреди шанкот и што вреди пиво
без оган што цигара вжарил.
Не беа за Ленка тие тутуни жолти
но тој народ нам тутун ни дарил.

Што е драга, немаш инспирација?

Ш.М.: Се мислам како да се вклучам во твојата конотација.
Обично ова време работам на мастурбација.

Ц.Ќ.: За оваа искреност заслужуваш овација.

Ш.М.: А јавноста заслужува видео елаборација.

Ц.Ќ.: Едно видео такво радост ќе биде за целава нација.

Ш.М.: Како ли ќе се снајдам со престојната ситуација?
Но ти што тука мене ми се смееш
време е за твојата интима да пееш.

Ц.Ќ.: Јас во средно калуѓерско одев,
по библиските зборови бродев.

Ш.М.: Тоа лице невино не успева да лаже.
 
Ц.Ќ.: Проклета да си, еве, тоа лице ќе ти каже.

Ш.М.: Зар повторно заведе невино маже?

Ц.Ќ.: Да беше така, врз вратов ќе ставев јаже.

Ш.М.: Не верувам на ниеден твој збор,
очекувам брз одговор.

Ц.Ќ.: Знам таа неизвесност душа ти сече
та и калуѓерките се допираат долу, ќе речеш.
Ете, вечерва ти признавам дека
во најлудите фантазии некој Рамбо чекам.
 
Ш.М.: А во помалку лудите што ли се случува?
Кој за својата среќа одлучува?

Ц.Ќ.: Иако би претпоставила дека тоа е можеби Роки
јас не се палам на такви стоки.
Често кога се ракувам со долната регија
размислувам за општење со цела една легија.

Ш.М.: Јас пак мечтаам поинакви сништа
во мојата легија се наоѓаат и женишта.

Ц.Ќ.: Време е на перверзијата да и ставиме крај,
да се вратиме на стариот поетски сјај.

Ш.М.: Опејавме општи човекови случувања
а сепак ќе не дадат на психолошки проучувања.
Ајде го предизвикувам целиот свет
Да го прикаже својот интимен сет,
и кој во својот плакар крие садо-мазо комплет.

Ц.Ќ.: Ах каков би бил тој хаотичен бум
кога секој би си кажал што му лежи на ум.
Ќе се преврти и небо и друм
во тоа јас сигурна сум.
 

(06.12.2011)

No comments:

Post a Comment