19.5.13

Конференциска песна

Штрафта Мачка:


го вртат светот луѓе во одела
гордо се фалат со туѓите дела
пропагираат некакви вредности свети
обичните луѓе дур живеат клети.
нивниот речник богат е и стегнат
секој збор на место им е право легнат.
но музика нема они дури пеат
ко вашите гласови среќно штом се смеат.
ко вашиот плач што тажи со најтажните
ко вашите очи што се ѕверат во неважните.
нек го држат системот строго за јајца
од чорбата нек јадат со нашата лајца.
ко копачите на рацин во тишина се бориме
иднина за слобода и радост да створиме...

За мрачната институција - бракот (спешл гест стар: Еци)


Царевата Ќерка:

ја не веруем у бракот како институција
и на свадба не прифаќам никаква значајна функција!
ни деверуша, ни старосватица, ни кума
јас нејќам да бидам, и ич не се думам.
која жена тажно стапнала на свадбен камен
во несреќата ни сиракот не и е рамен
штом пројдат првичните пеперутки в стомак
ќе види таа, ја поробува нејниот момак
што несреќа е тоа, за љубов и за среќа стара
од државата да мора благослов да се бара
и поп да мора да каже: бог ве спои, чеда
ни земен, ни небесен, пред бог глава не ведам

По долгата, мачна пауза


Штрафта Мачка:

бар на еден фронт да останевме верни!
не сум те терала да возиме цистерни,
не сум напињала да косиме трева,
ни кубик дрва сум рекла да се крева.
знам дека не е лесна физичката работа
и место да ја ладиш ти работиш во сабота,
и да ми пишуваш тајно стихови нежни
штом капната си дојдеш в часови подоцнежни.
делото наше - маки во стихови страда
долго со постој стари, без нова балада.
нејќам да чујам за блудности ил таги
сети се, славевме в песна палачинки благи!