23.1.13

Во борба! (на суети)

Special guest star Билобил Форте

Чин I 

Царевата Ќерка:

о, каква ли ме дамла стресе
што на ѕид ме дочека стих пресен
а истиот од радмила да не е.
од нигде никаде, маж стихови пее!
и тоа не било какви, дебилни
туку мошне солидни, наместа силни.
со невидена елеганција срочени
луѓе - со нов поет сме соочени!
извинете вака што упаднав грубо
за зло не е, ами за убо.

На Штрафта и рикна компјутерот...

Special guest star Билобил Форте
 
Штрафта Мачка: 
Се рекло така и секој човек јасно знае
Ништо нема на светов вечно што трае.
И ќе се сетам, пред години, млада ко младував
Штедев за компјутер и долго гладував.
Ја купив таа машина, е-машина се викаше
Па собра шо се пишеше и се' шо се сликаше.
Личеше на тостер од пропадната фабрика
Но никогаш не градев имиџ на барбика.
Една мисла ме водеше низ животов мачен
Сонце да го огрее светов страшен, мрачен!

22.1.13

Многу срам*тна песна (18+)

Царевата Ќерка:
За Ниче ме заболе пиче.

Штрафта Мачка:
во глава ми створи непријатно сличе...

Царевата Ќерка:
зошто? па реков пиче, а не кур бричен

Штрафта Мачка: 
таква слика за мене ќе беше нежна, драга емоција
о прекини на таа твојата да ми прајш промоција!

Царевата Ќерка:
а шо ми глумиш некоја културна
и пцовки избегаваш ма, да ти го гурнам?

21.1.13

Не раздели судба клета

Штрафта Мачка:

облеков пижами, долга исчешлав коса
чорапите ми се на перење, ќе спијам боса
запалив цигара, радио пуштив гласно
ме измачи душава, не ми е јасно...
зар не е и ова уште една ноќ зимска
во нотите на романтична кашлица никотинска?
е, ќе речат оние без чувство за лирика
но за мене, да ти пеам, совршена е прилика.

19.1.13

Драга Таа

Драга Таа, се случува една ситуација
што бара професионална евалуација.
На поткровје седиме во собата жешка
нит збор разменуваме, нит некоја смешка.
Розова волна и иглите в рака
Радмила плете и без да сака.
Се секира оти има бољче на пиче
во меѓувреме јас читам „Антихрист“ од Ниче.

9.1.13

За игла и мастило в кожа...

Штрафта Мачка:
Не се зборовите кифли што се месат за себапи
не се ни пиво ладно што се точи со ќебапи.
Доаѓаат ненајавено ко прдеж или дневница
а ти им се радуваш ко на лото седмица.
Еве баш сега таков момент ми обли душа
ќе те опеам драга, цел свет да слуша.
Зар малку има за тебе да се каже?
Може да се филозофира ил да се потспомне маже.
Нас многу нешта не сврзаа в јазли цврсти
на милион чаши в живели сме остајле прсти.

5.1.13

Една е баба

о, зар вреди да се живее живот
без добро друштво, храна и пиво?
-ова беше публико драга, вовед во мојата елегична тага..
имам јас многу да пеам
дал се' да кажам пред вас ќе смеам?
јас многу често од глад сум тажна
зар со сварени виршли да се правам важна?