23.1.13

На Штрафта и рикна компјутерот...

Special guest star Билобил Форте
 
Штрафта Мачка: 
Се рекло така и секој човек јасно знае
Ништо нема на светов вечно што трае.
И ќе се сетам, пред години, млада ко младував
Штедев за компјутер и долго гладував.
Ја купив таа машина, е-машина се викаше
Па собра шо се пишеше и се' шо се сликаше.
Личеше на тостер од пропадната фабрика
Но никогаш не градев имиџ на барбика.
Една мисла ме водеше низ животов мачен
Сонце да го огрее светов страшен, мрачен!
Па творев во името на уметноста и борбата
Знав дек со пари не ми се полни торбата.
Та парите ли се причина да се живее чесно?
Ќе победиме - и системот нек се најде во тесно!
Велат, со рими ли ќе се спаси човек?
Дека е така другари, ќе тврдам довек!
И верна на каузата творев секој ден
Верувајќи и' на машината испаднав кретен!
Штом утрово станав да се фатам за работа
Не мислејќи дали е вторник или сабота
Системот падна на компјутерот клет
А во него беше сиот мој свет.
На боговите на технологијата гневна
Дур сега ја славам хартијата древна.
Машино стара, не биди џелат
Зар биваше вака за навек да не делат?
Врати се, стани, не ми земај душа
За твојата храброст светот цел да слуша...

Билобил Форте:

Другарке драга, другарке мила!
Не губи надеж, имаш ти сила!
Не ќе да е судбата твоја клета
уметноста твоја да се изгуби сета!
Имаш ти таму френдови разни,
мош не се сите во главите празни.
Ќе се најде некој опасен хакер,
за хардискот твој асален махер.
Фотките твои и поезии разни,
ќе ги спаси цели, убави и красни.
А машината твоја не ја жали веќе
З`ш и новата ќе те неќе.

Штрафта Мачка:

За сите што мислеа дека маж си агресивен
Еве и доказ - тој е прогресивен!
Во времиња тешки за луѓето блиски
Со рима не чуваш од удари ниски.
Но ќе те фалам во помирни времиња
Ко сточар што ги фали своите телиња.
Сега ќе те прашам - дал си сериозен
Дека не направив чекор ригорозен?
Зар помисли - на хакерите таа не се сети?
Не ги коби така несреќите ми клети!
Да не страдам не можам, случај не е ситен
Секој човек знае дека хардот ни е битен...
 

Билобил Форте:

Не ми е ова придонесот цел,
имам јас барем уште еден дел...
Другарки вие и другари свесни,
да не бидеме сите во срцата тесни.
Да покажеме кој сме и за што сме вредни,
да ја куртулиме Раца од денови бедни.
Да покажеме солидарност и сила,
кон другарката ни наша мила.
Барем еднаш да напрајме акција,
а не к`о по навика –реакција.
Да видиме кој какво знаење има,
на другарката да ѝ биде полесна оваа зима!
Другарке Раца случај ситен не е знам,
но повеќе од ова што да прам?
Не ме бива мене за таква машина,
убаво ми стои само бурмашина.
Животот цуци не е идила,
а и полоши нешта сигурно си видела.
Бери сила и стисни заби,
од ова повеќе нема што да се прави.
 

Штрафта Мачка: 

О, нек му се позлати боже одма таа уста
Од теме никогаш да не му падне коса густа
После глетката в кујна со сунѓер и сјај
Мислев на изненадувањата им дојде крај.
Но поет да излезе од тебе чека
Нек потврди и самата Царева Ќерка
Право да ти кажам, ќе ми фали цела база
Но се созезам одма штом ми текне на Газа.
Ако морало сето творештво да го снема
Од почеток ќе твориме, трето и да нема.
Есеи се пишуваат секој ден
За сликање улици било ли проблем?
Песни се нижат и вака и така
Само да има кој да ги чита да сака.
И пак ќе кажам, класика е хартија
Но ти таа се губи на покер-партија.
Она што останува е во нашата глава
Затоа гледај да си ја почуваш здрава...
 

Билобил Форте:

Фала ти на зборовите убави,
ама проблемов твој ќе ме поулави.
Остај сунѓер, остај сјај,
туку чаре барај, прај.
А слики твои и необележани,
во срцата наши се врежани.
Та уште ли не се јави доброволен,
да го реши проблемов твој болен?
Ама ако, творештвото твое живее во нас,
катадневно ќе го повторуваме на глас.
Биди ти жива, не губи страст,
има кој да те чита со сласт.
А за поезија треба срце чисто,
Се отвори ли, ништо веќе не е исто.
Ам кој рекол за мене агресивен?
Врат ќе му стегнам со трицепсов силен.
Не може ова, не смее така,
да си игра некој со мојава мака...
Голем сум јас и бааѓи стасен,
ама не значи дека не сум страсен.
„Агресија“ мене ми е странски збор,
е тоа е мојот одговор!

Штрафта Мачка:

О нејќам да знам кој агресивен те вика
И што треба да значи оваа слика (https://twitter.com/i/#!/vankoska/media/slideshow?url=pic.twitter.com%2FqhjN94Tk)
Но песниве твои за мене се химна света
И секој стих е како цвет што цвета.
Биди ни гостин на блогот со Ива
И твојот збор меѓу нашите да плива.
Се' се губи, ех тоа да го сфатиме,
Но пишаното на блог останува побратиме!
 
 

Билобил Форте:

На сликата убоо си пиши,
зашто одма од нежноста ме лиши?
Зар тоа што имам мажествена страна,
за тебе претставува некаква мана?
Арно си рече песниве се химна,
а јас со нив во поетски висини се вивнав.
Покана таква да одбијам ли смеам?
Та цел живот после солзи да леам.
Мисли имам за поетска творба,
за неуморно да продолжи нашата борба!
Сестро мила зeми сé што сакаш,
знаеш ништо не треба да плаќаш,
Опусов наш нека биде постиран,
и за ум на две места хостиран!
 

 

No comments:

Post a Comment