21.1.13

Не раздели судба клета

Штрафта Мачка:

облеков пижами, долга исчешлав коса
чорапите ми се на перење, ќе спијам боса
запалив цигара, радио пуштив гласно
ме измачи душава, не ми е јасно...
зар не е и ова уште една ноќ зимска
во нотите на романтична кашлица никотинска?
е, ќе речат оние без чувство за лирика
но за мене, да ти пеам, совршена е прилика.

пак не раздели судбата клета тешка
да си при мене ова лице пак да се смешка!
еци да не мачи со неповрзани реченици
да речат - ене ги трите свети маченици!
да ќутиме ил да колнеме поробен живот
да пивниме ракија ил макар едно пиво
да си кажеме мисли во стихови прости
ил да свратиме кај другари стари на гости.
не жали со километри што зимата не дели
ќе бидете заедно - хороскопот ни вели.
стај бесплатни, не ми глуми пичка
немам рима за ваков сељачки стих.

Царевата Ќерка:

Од животов беден треба да си скратам
што заборавив на поемава да ти вратам.
ах, не ми е лесно, ме кине душа
на кој да се пожалам, кој да ме слуша.
со кого да споделам мнение клето

откако дома си те прибраа под Канео свето.
на кој да му чешлам дугачки коси
на кој да му масирам стапала боси
(о не е језиво вака да кажам
мада не сум ти пружила на стапало масажа)

и во најтежок миг да заминеш реши
на богот голем што кур му згрешив?
часовите спори ги минам в читална
од 2 часа појќе не минувам в спална.
во ноќите служам алкохол жежок
во зори се будам од сон страшен, тежок
ни по највкусен оброк не ми течат лиги
мојава состојба ја нема по книги.
заљубена не сум, ниту се дрогирам
од алкохол некое време апстинирам
болест зар фатив, ил нешто на психа?
што чаре да барам, по кого да викам?
во чудно сум некое депресивно стање
и што крај мене не си стварно е срање.

заедно ќе сме, хороскопот велел...
не ме занима кој гуру што серел
јас во писанија изгубив вера.
ете, во Вест ми пишуваше вчера
дека пара ме чека и секс ќе имам бесен.
во хороскоп сечиј живот е лесен!

No comments:

Post a Comment