9.1.13

За игла и мастило в кожа...

Штрафта Мачка:
Не се зборовите кифли што се месат за себапи
не се ни пиво ладно што се точи со ќебапи.
Доаѓаат ненајавено ко прдеж или дневница
а ти им се радуваш ко на лото седмица.
Еве баш сега таков момент ми обли душа
ќе те опеам драга, цел свет да слуша.
Зар малку има за тебе да се каже?
Може да се филозофира ил да се потспомне маже.
Нас многу нешта не сврзаа в јазли цврсти
на милион чаши в живели сме остајле прсти.
Радости исти ил маки слични
творби на логиката ил тази нелогични.
И таги сме делеле какви ти - такви јас
и тивко сме се жалеле и кукале на глас.
Сме пиеле чај од иста вода сварена
знаеш за да сварам вода колку сум надарена!
Сме делеле чорапи распар и пар
твојот пешкир за мене е ретко убав дар.
И лајца и пајнца сме делеле на трпеза скромна
и со вино сме се налевале од една полна стомна.
Та и во разликите исти сме биле ко јунг и јанг
на крајот душите ни се, жено, од исти ранг.
Но имаше една болка што не сме ја поделиле -
болката на боите што срца ни заведиле.
Допирот на иглата со месото бело
од проста идеја создава ремек дело.
Ти секогаш накострешена ко мачка на светот му се дереше
и на одмор не мислеше ни дур спиепше ни дур сереше.
И никој нејќе да заборави на корените.
Сети се и Ариел се врати при сирените.
Емоција таква знам те поведе
реши да не чекаш да помине ни Коледе.
Секој ден што изминува последен е на светот
бог сам дал знае што ни носи веков?!
Такви се времиња, чудни и наопачки
жените место штикли си облекоја копачки.
И ти така знам дека си спомна
"ак заборам која сум - да јадам гомна!"
Нели е болка што пецка до в душа?
Најубава на свет, но кој да ме слуша...
Ќе речат наркоманка и најблиските в куќа
па од мака со цигари ќе си труеш плуќа.
Не планирам мотив да ми биде ваква тажна тема
пред нови предизвици поетски дај да имам трема!
Па опиши чувство, потсети ме и мене
од последната радост моја си помина време...
Царевата Ќерка:
за зборој да нижеш секогаш си вешта
ко доктор со страшна забарска клешта
јас чезнеев спомен да овековечам, знаеш
иако мајка ми вика: утре ќе се каеш
јас кожа не жалам, ни пари што ги немам

уште од сега за втор мерак се спремам
та човек и сам е ко сликовница детска
за приказна вреди игла да те пецка
штом в огледало поглед намуртен пратиш
да се сетиш кој си и каде да се вратиш
младешките сништа да не ти ги купат
за тоа вреди илјада игли да те дупат
во заборав да не ги остајш твоите идеали
за кои те колнеле разни будали
да не дадеш да се исполни на другите зборот
кога велат: штом деца ти протрчаат низ дворот
ќе заборавиш лесно на ризиците од младост.
но како да заборавам на оваа вечна гадост?
ко мачка што во костреш си ги брани младите
јас така ќе ги бранам до смрт барикадите
и не ги пуштам гнасните да владеат лесно
ко нас што ни е секој ден, и нив нек им е тесно
да знаат дека освен стравот, и гневот дивее
во срцата на бедните уште надеж живее!

...а мајсторот мој, штом за твојта тинејџерска игла
му приспомнав јас, ко да го акна цигла
и рече тој: си бара тоа корекција итна
таква грешка од младост не е работа ситна...
јас те бранев и реков: не е толку лош еднорогот
та поарно тоа, отколку да се фрлела на порокот
оти дечко и тогаш шо идеа се дрогираше
но раца е умна, и од дрога апстинираше
па ете, може дури да се каже со радост
дека таа тетоважа е симбол за спас од џаначка младост
или претерав сега со оптимизмот?
ете, ме заслепи капитализмот...

No comments:

Post a Comment