19.1.13

Драга Таа

Драга Таа, се случува една ситуација
што бара професионална евалуација.
На поткровје седиме во собата жешка
нит збор разменуваме, нит некоја смешка.
Розова волна и иглите в рака
Радмила плете и без да сака.
Се секира оти има бољче на пиче
во меѓувреме јас читам „Антихрист“ од Ниче.

Елтон Џон и Бекстрит Бојс на листа си течат
чудна комбинација, луѓе ќе речат.
На дилдото сигурно му е гњаважа
утре што ќе го влечкаме на плажа.
Ти советничке, вечно што си будна
кажи дал од игли се останува трудна?

Јули 2012, Охрид

No comments:

Post a Comment