24.1.14

Емо песна

Царевата Ќерка:

ко сираче оставено само на себе
друшките ми рекоа „ма кој те ебе
ни малку не мислевме ние на тебе
без друшка се може, но не и без бебе
и сопруг нежен, грижлив...“

разбирливо е дека јас на ова спиздив
и почнав да кршам предмети по дома
за малце ќе си кладев на вратот ортома
и ко Бог што ги казни Гомора и Содома
ќе ги казнев нив двете...

и кога на распуст ќе дојдеа лете
на гроб мој да мораа цвеќе да носат
за прошка од мене, мртва, да просат
со грешките свои кобни да се сносат
дур не паднат в земја...

но наместо да трошам резерви на темјан
и мрзејќи ме низ куќи да барам јаже
решив да избришам образ свој влажен
и животот да го прегрнам, блажен
со сета негова тага...

би било една голема лага
да речам дека не ми е мачно
што друшките мои - о колку е мрачно! -
ме сменија мене за животче брачно
за живот во странство...

мало им е цело македонско пространство
в мечти им беше србија клета
зар праша некој дал мене ми смета
од цела оваа смешна оперета
дал сакам да сум дел?

„jaс уште еднаш пред сите ќе кажам
очи да ми ископате ако решам да се мажам
ако домаќинка станам и баталам борба
ако место молотов, готвам вкусна чорба
ако му поможам на грујо да ја зголеми нацијата
ако заборавам колку ја мразам полицијата
да ме запалите другарки на клада
при чиста свест зборам, жими све не бладам“
(19.05.2013)

Еци:

Не, на ова не можам лајк да стиснам
и во душава ми иде да вриснам.
Да, точно е те оставивме сама
но и ти претера со оваа драма.
Луѓето ќе помислат дека сме нечувствителни жени,
а ние за тебе сме спремни да сечеме и вени.
До кога ќе ни скориваш јадови
како да сме најголеми гадови.
До кога ќе ни правиш вака
зар ќе нема крај на нашата мака.
Постојано правиш да имаме чувство на вина
и двете се удавивме во тага голема колку Кина.
Подобро дојди и скрати ги нашите животи бедни
чим за твои другарки не сме вредни.
Ако толку се чувствуваш повредена од нас
дојди и слободно казни не во овој час.
Можеби твојата душа ќе најде мир
кога од нашата крв ќе се направи вир.

Штрафта Мачка:

Прво, еве ти аплауз врел!
За новиот стил, останав без глас
па ќе се потрудам, ете и јас

да заиграм со стихот в час –
за чеснава овација прости ми!

Ќе минат долги години
и ќе стојам зад секој збор
шамарејќи авторитарен створ;
но ти должам искрен одговор:
твојта реч боли ко иницијација –

при првата моминска менструација!
Вистина е, зготвив вкусна чорба.
Но зар судиш што не сум в борба
дур спремна чека полна торба
земјиште за искра надеж за се вжари?

Дур гравот на тивко вари
на Пуже зборот гласно се чита
и мојта желба низ времето ита
бесцелно да престанам еднаш да скитам!
Зар крива сум што далечна е сета акција?

Зар не сум и јас човек-фракција,
зар не страдам по тебе желбо платонска,
цвету мој, вештино ораторска
кралице на речта, злобо алигаторска?
Зар пак да редам стихој в гнев?

О, чуј го, Вселено, мојот рев!
Јас живеам за нови дни наши,
за власт што ќе падне зашто се плаши,
за здрави генерации наместо дрогираши.
Е, така ми врви месец зимски...

Некни му беше роденден на Чернодрински
и се сетив на сите битови дела
што крвта му врела в дијалог ги сплела
и се глумат не сал со глас, ами и со тела!
(морам да признам, мачна ми е новава форма)...

Но знаеш дека си наслов на нашата платформа!
Па Еци и јас наместо да зборвиме за свадби
и месец да планираме меден за Даблин,
намачени ко голи да сме играле рагби,
по друшката наша со пискотници и солзи -

на трње личиме наместо на рози.
Па стиши тага жено драга!
За нас границите вечно ќе се лага,
а судбата се колнам ќе ни биде драга
само дур в срце ни чуваш место важно...

Царевата Ќерка:

како што рече другарката Цеца:

„живи се човек на све навикне

па ваљда чу и ја
ако Бог да
ако Бог да...“


No comments:

Post a Comment