22.1.14

Раѓачки на македонски чеда


Штрафта Мачка:

Господари на народот, вие со границите
најдобро прилегате обесени во кланиците. 
И времето, нашиот непријател вечен 
човек штом би бил би го тепала слечен
ко учител што тепа бесно дете
ко мачка шо и смета на бабата шо плете.

О, дождови, пљачки спружив на тераса
сопрете бар денес да не шетам ко гнаса.
Све ми смета ко в менопауза да влегов млада
затоа ти ја пушувам балканскава балада...
И така, поезијата кучка стара
чуму ми е тагата да научам бара.
Далеку од родот, ко Евгениј на Пушкин
страдам тука сама по своите друшки.
Та бевте на одмор без мене кучки?
Знам јас чудни беа сите случки
без оваа жена расна ко кобила
и без да се грижиш дал си добила
ти фалев да читниш стих и еци да ја галиш
џабе ви дождот, зар сама чај ќе вариш?
Грција земја на другари борци
дождови пушти ко гладни волци
да ја раскинат тишината што не ја пополнував
дур в Белград игли в кукла забодував.
Чија е таа кукла и врагот ќе си рече?
На кој ли вуду магии оваа му пече?
Еве ќе ти кажам, отвори се земјо цела
во куклата на судбата што болки ни сплела
јас забодувам игли ко вештерка гневна
купив и книга за магии древна
(има и за како се лечат брадавици,
и што се пие при есенски кивавици)
но нема вуду што ќе ми залече вени
пресечени за моите омилени жени...
О, немој да чиниш дека си одземам живот.
Ни на оној свет не ќе го најдам мирот.
Низ метафори се провлекува длабока болка
и може подобро ќе ја опишеше Лорка
но наместо по дождот со вас да играм ламбада
еве ви пишувам балканска балада...

Царевата Ќерка:

ко куршум ме удрија твоиве зборови
ќе плачам после дур метам дворови
видно е, откако смени адреса
потажна стана ти поетеса...

јас знам, ко дома нигде не е
јас знам, за охрид ти срце мрее
јас знам, се чини белград мрачен
и студен се чини кревет брачен
и темно се чини небо плаво
и „чао“ се вели наместо здраво
и светот се чини поделен
и место скопско се пие јелен
лево е десно, напред е назад
мисли за дома тивко те газат...

те плаши оти си без друшки
го нема сава духот струшки
тој град голем, гламурозен
грд се чини, туѓ и грозен...
јас знам, судба ти така зајде
в далек град си љубов најде
но ќе лажам ак не речам
тежина на плеќи влечам
што од раце те испуштивме
и те в белград пуштивме...

знај, ко што ти тебе душа плаче
ко што по мајка пека сираче
ко што за млеко копнее маче
ко дете штом си изгори раче
така и ние, друшките ти верни
со солзи, еве, полниме цистерни
по друшката што не остави трета
далечина пуста многу ни смета...

па сепак, човек на све свикнува
ќе дојде ден, срце веќе не ќе крикнува
од тага, ами од радост ќе трепери
штом за скопје тргнеш автостоп со шлепери
ил штом јас, после долго штедење
ќе минам во автобус 6 часа во седење
за да се сретнам со друшката стара
уз кафе со солзи да топиме маскара
а сетне, со стара добра шливовица
весело да пееме песни од Ластовица
и на крај по кнез михајлова, рано в зори
прегрнати, дур ракија грло ни гори
да пееме песна што би не погодила
на пример „зошто си ме мајко родила“
ил лихнида кајче веслаше и наспроти неа рибари
кротко да веслаат, старите другари...

Штрафта Мачка:

стих ти читам меланхоличен, тажен
не би ме зарадувало ни пиле на ражен
(иако може на еци ќе и' растопи немир
за неа би го продала сиот свемир
за пиле да јаде ко шенко колозов
сама на трпеза со свилен чаршав розов)
о, што е дом се прашувам гласно
дур перница гушкам низ солзи страсно.
дал е место кај што сереш со отворена врата
дал е место кај што за работа земаш плата
дал е стан со црвен ѕид ватрен
ил стан е со фин распоред спастрен?
дал дом е таму кај што топло е оваа ноќ
дур читаш под ќебе „република“ ил „вог“?
што е тоа што домот го прави твој
дал сандаче поштенско со писма безброј
ил влезна черга на која се бришат
другарите со здивот твој заедно што дишат?
јас не најдов мир на ниедно место
кај и да одев ми беше сегде тесно
но спокојна биди, овде најдов радост
ако грешам колни ја со мене мојата младост
што често во чудни авантури ме впушта
и останав жива ради мојата друшка.
ете ако грешам нека изгорам
а дотогаш се чудам како да се изборам
со тагата по вас, другарки од борбата
од кафаните, улиците, од на во охрид собата
во која се читаше ниче и чешаше ****.

а сите фотографии на кои се смееме
и клиповите од збиранки на кои што пееме
изгубени во системот на расипаниот компјутер
би ги вратила да имав временски скутер
(машина очигледно не најде рима
како ли е како малата Карина?)
но еве батеријата на апаратот е в штек
уште да овековечува чека на штрек
ко на штрек што е еци за големата револуција
ко пушка што пека по ватрена муниција
ко куршум во месото на силувачите
ко палка по главата на на дрога подметнувачите.
ќе наврши уш некоја недела
и јас која тука в туѓина сум седела
в преграт ќе ви летнам ко да сум била в бој
сега во инбокс ќе ви го пишам српскиот број.
а џорџ зерзан го имам на македонски
затоа ти пишав, да не препишвам моронски
за времето во оваа книшка мала
за капитализмот што од нас крвнички бара
да се врземе за час, месец и година
се мислам дал врне и во војводина
пошо ова е балканска балада
и таква ќе биде дур не заиграме ламбада
на скопските улици кај нашата младост
друг нема опис сем искрена радост.

Еци:

И викавме ние, за државата да роди 3 деца,
ама не, она реши во БелграT да се клеца.
И затоа во Мкд сега е персона нон грата
чим за македонското семе затвори врата.
Седи си сега во БелграТот ладен
А ние иако секој од нас е гладен,
преубавите споменици ќе ни бидат храна
и тоа ќе ја залечи нашата рана.
Веќе нема да мислиме што ли Рада таму прави
туку ќе мислиме дали некој ќе стави
споменик од крави или можеби од Субрата рој
кој сака да го уништи градот твој.

Царевата Ќерка:

толку наши пари потроши власта
данок по данок, ни ја исцеди маста
за да ги прави за раѓање рекламите
за како не треба да абортираат дамите
за тоа како ако немаш над три деца
(кои ќе ги крстиш в црква на музика од цеца)
в пеколот ќе гориш што си секол плодност
контрацепција в библијата е исто што и блудност...

и кога секој денар од трудот наш мачен
над глава ни бдее во креветот брачен
природно е да си помислиме во себе
(ако веќе решиме да правиме бебе)
дека штом толку народни пари се ебени
бар за арно нека бидат употребени
бар нека вредат за нешто пропагандните видеа
нек ни исперат мозок, ко што властите предвидеа.
и штом е така, и од тебе, ко од секоја друга
се очекува деца да си народиш во струга
ил ако пошироко се мисли под „родниот крај“
и в охрид и в скопје деца раѓај.
но, да одиш в непријателска земја да раѓаш
со српски деца лете овде на празник да доаѓаш
вукашин некој, бранислав ил ратибор
да трчкаат безгрижно по охридски двор?
ил ќерка ак имаш и ја крстиш јелена
со роштиљ да расте, секој ден здебелена
меѓу две мајки-нации поделена
со српски идеи уште дур е во пелена...

јас друшката не би в затвор да ја пикам
но чинам, тоа овде „велепредавство“ се вика
и стварно, зар малце си имаме момци
на филип и на александар потомци
стројни и рујни, ко магариња силни
умни во глата и в кревет агилни
романтични и финансиски стабилни
и нималку како србине дебилни...
та вистина, зар беше воопшто нужно
маж да си бараш од Маџарска јужно
617 километри од родната грутка
татко да потресуваш, мајка в кревет да куткаш...
нејќам совест да ти јадам, да звучи ко егоизам
но сестро, ова воопшто не ти е патриотизам!
...а ти Eлена што си се дрзнала да збориш
ти и самата во србија матка ќе отвориш
и самата српски деца ќе раѓаш
и в српски преграт в ноќите ќе паѓаш
по се изгледа, овде меѓу нас трите
јас најголема патриотка сум од сите!!!

Еци:

Имаш право Царевата ќерка,
и твоите зборови се со права мерка.
Јас се повеќе чувствувам голема вина
а мојата болка е голема како Кина.
Јас кажувам сега не ми е лесно
и ова предавство не го правев свесно.
Не знам дали бога ме стави на тест
или се работи за поматена свест.
Но за мене уште има спас
и веќе се покајав јас.
Решив да земам македонец прав
кој секој петок ќе јаде грав.
На државата ќе и подарам три машки чеда
кои ќе бидат јаки како греда.
Еве во овој час вакво ветување ти давам јас.
Мојот сон е машина за раѓање деца да бидам
и армија на македонски деца да видам.
Најголем патриот ќе станам јас
и како лавица ќе рикам на цел глас

Радмила не очајувај,сепак и на твоите маки ќе им дојде крај
и пак во твоите очи ќе се појави сјај.
Ако тој клет србин сеуште те нема оплодено
тогаш не се секирај се друго е средено.
Господ македонецот ќе ти даде сила
и ќе се вратиш во нашата држава мила.
И ти како нас ќе родиш многу деца и
ќе се здебелиш како меца.

Царевата Ќерка:

браво! та има време, Радо, покај се чедо
дај му на Жанко да стане на македонче дедо
дај и на Мери в Охрид внуци да си гледа
збогати го списокот на македонски чеда.
следи го блажениот пример на еци
не дај душман да ти воспитува деци.
бог е голем, прима покајанија
знае дека ѓаволот ти извршил влијанија
спакувај куфер, тихо збогум речи д
о родната грутка со радост дотечи д
а се исполни должноста спрема нацијата
е на секој македонец аспирацијата!

Штрафта Мачка:

дека сомнеж фрливте на мојот патриотизам
ќе морам јавно пред народ да признам
ме фрливте в река ко вештерка во инквизиција
на плоштад ме спаливте ко ватиканска полиција
но и двете матка за други нации
сте нуделе на полноќни консултации
под изговор „млада сум, истражувам
за внуци да имам што да раскажувам...“
и нозе сте отварале пред слични изговори
штом на јазик сте друг чуле - отвори се, отвори.

но јас не враќам со шамар на шлаканица
христијанка сум на бога сум поданица
па ќе ви го кажам својот план за плодност
без да навлегвам во непотребна подробност
веднаш знајте дека македонската крв
во списокот приоритети кај мене е на врв
а после сите други точки се план
да се продолжи големиот македонски клан.
знам дека предавнички изгледа овој чин
до мене србин место антички џин
но не сакав да паднам во искушение
македонци да раѓам во град - привидение
штом последниот споменик се дигне над скопје
јас на себе со оклоп и копје
доаѓам ко опасна за жените наезда
син да родам во скопје две и четрнаеста
и неколку во охрид, па и во струга
не раѓам јас на друга нација слуга
децата мои ќе и' служат само на македонија
штом дојдам речите - тодоров, породи ја!

01 октомври 2013

No comments:

Post a Comment