6.2.14

Обид за брачна саботажа; дволично курве узврача ударац

Царевата Ќерка:
 
морам да ги потсетам друшките мои две
во надеж дека ќе се предомислат за се
во последен миг, бурма ќе фрлат скапа
и ќе сфатат дека мажачката е тапа...

волим мајко стара ја слободу
ко што риба воли само воду
не треба ми мајко брачна веза
јер је увек тежа од пореза



Штрафта Мачка:

значит ако ме изнервираш и
ако фрлам прстен дома ќе ти дојдам!!!

Царевата Ќерка: 

те чекам со отворени раце
ќе набавиме викендица во Блаце
само се ти не мажи, не
в скопје мило врати ми се
 

Еци:

Радмила, решив да не правам драма
и затоа Ива нека ти признае сама.
Додека тука не клевети јавно,
со други си пишува рими тајно.
Да, добро слушна со други пишува во рима,
додека ти целата тонеш во вина.
 

Штрафта Мачка:

молииииим???

Царевата Ќерка:

шо ве ебам ќе ве сечам
по вас ли само да се влечам?
со мнозина ги делам моите рими
од вас не сум криела, побратими.
зар себично само вас да ви пишувам?
зар други љуѓе од стих мој да лишувам?
а зошто се правдам, о себични квачки
очекувањата ви се изненадувачки...

Штрафта Мачка:

в грб нож?
удар низок?
зар друг имаш близок
да пишувате песни?
останавме бар чесни
еци и јас
сал со тебе делевме стихој...
јас правецот не го давам на други!
па собери си ги сите
покорни на римата слуги
и ваш правец градете лажен!
му даде на друг да се прави важен
и разговорна поезија да силува
диво?
денес поезија, а утре на пиво...

Царевата Ќерка:

та која си ти што се мислиш господарица
на разговорна поезија мајка и царица
зар монопол држиме над тој свет правец?
зар се мислиш во поезијата законодавец?

јас сум слободна жена полигамна
да творам за сите не е постапка срамна
кај секој поет скриен да го сејам семето
со стих благотворен да му стежне бремето
да знаеш колку поетски души сум ослободила
од окови општествена норма што ги родила
„маж сум, срамота е песни да пишувам
од муда и машкост така сам се лишувам“
си мислеле мнозина од моите дописници
а ене ги сега, од рима зависници!

ти место, сестро, да ме фалиш и пееш
омраза, љубомора врз мене сееш
та немаме над стихот ние авторски права
со други млеко дели и обична крава...

Штрафта Мачка:

боли ко ниска чешел за вошки
крај друг фрлаш бисери
кај мене трошки!

сеј семиња во туѓи бавчи
пак ќе дојш да ти крпам гашчи
пак кај мене со очи полни солзи
виме ќе нудиш, еве ти молзи
измолзи све до последна рима
во право беше, ќе речиш, таа зима
те нареков, ќе речиш, диктаторка дрска,
те вреѓав од строфи дека немаш врска
и ќе падниш без свест в мојот преграт
земи ме, ќе речиш, со тебе белград.

зар учител стана на поетска школа?
о, една од милиони, в облечени - гола,
ако некој навистина е доболно добар
зошто си сигурна дек не е помодар
што сака да се слади со рими пресни
и околу да кружи во пантоли тесни
дур око невино не ти вивне в пламен
дур не го посакаш измамникот надарен?
и штом сета се препуштиш на измамникот клет
кој продрел во тебе и во стихот твој свет
ќе се сетиш зошто велев не е време
да го шириш кај стигниш поетското семе!
 

Царевата Ќерка:

полека сестро, брука ќе пукне в село
за поезија се збори, не за мојто тело!
зар мислиш дека на секој момак (или жена)

кој стихови ми пишал мене, боженствена
значи автоматски, по твојта логика банална
дека веднаш би му се фрлила в спална?
не ги бирам моите мажи според способност за рима
немој да ја сквернавиш мојата интима
за подло да ме напаѓаш од пуста љубомора
ти знаеш дека за душа, а не за секс, творам
не се мешаат работа и задоволство
е максима што се учи од основно школство
(а се што се учи в школо треба да се сруши в бој
но тоа сега не важи во случајов мој)

а и ти дури сега за еден-двајца дозна
а колку други имало претходно, бог зна
на кој сум им пишувала песни и сонети
па и тие ми пишувале мене, нек се клети
јас не знаев дека ти ми водиш евиденција?
о казни ја, господарке, мојва декаденција.

а Елена, таа мала проклета кокета
со сите фина другарка, никому не смета
дипломатка е со секој, на здраво е со Здравче
а две лица крие во тоа мало главче
од побуди за мене непознати тотално
сакаше нас две да не раскара за стално
во лице ни се смее, а нож ни бие в плеќи
романтично ќе ја натепам на свеќи
 

Еци:

Ох, Ива, јас за дипломатија не сум родена
само бев погрешно од тебе водена.
Убаво ми викаа, немој те расипа таа тебе

а моите уши изгледа беа под ќебе.
Јас немав зла намера со мојата постапка
само сакав да престанеш да бидеш клошарка.
Да престанеш да ни набиваш вина како да сме души грешни
и да сфатиш дека и твоите постапки не се безгрешни.

Царевата Ќерка:

не трепкај сега со тие крупни очи
со вината своја веднаш се соочи!
не глуми добротворка и моја совест

грев ќе ти простиме по твојта исповест.
моите постапки што ги викате грешни
а се базираат на вашите сфаќања смешни
дека не смеам во рима со други да разговарам
сал притисок на мојта слобода ствара
и тие мои „постапки“ не се споредуваат
со вашите кои в срце ме погодуваат
предавството ваше е поголемо зло
од се друго што се случило на македонско тло
(освен можда покољот на османлиите
или приватизацијата на за струја компаниите)
затоа, дека си дволично курве признај си сама
и да ја окончаме оваа драма...

ЕПИЛОГ: Еци не призна дека е дволично курве и не ја окончавме драмата   
   

 

No comments:

Post a Comment