2.12.13

Една озбилна

Штрафта Мачка:

во чаша вино, надвор снег бел 
уш некој сат радијаторот е врел 
и студ ќе пополни соба празна 
и цвеќе ќе свене во теглата-вазна... 
(таква улога и дадов, аман 
штом го изедов мајкиниот ајвар). 

како сум, ќе прaшате со згрижени чела 
дал лик ми красат за каузата дела 
ил потонав в мрачни бденија други 
и мислите станаа на законот слуги. 
но ветив, место зборови голи 
да пишам онака како највеќе боли 
во стих со рима, без рефрен модерен 
на песната останав човек верен. 
ко пајак што плете пајакова мрежа 
ко равенка што и служи на земјината тежа 
така и јас на песната сум слуга 
зар џабе ме роди мајка во струга?! 
па еве да раскажам што денот ми нуди
и како е тука човек да се буди. 

јас секој ден од улици збирам 
приказни тажни продадени за динар. 
пред некој ден, ова не ви реков 
душа на жена скитник слеков. 
дал може да седнам до вас дур просите, 
у курац ми рече, сите да се носите. 
сал портрет и сликав, и ги остајв парите
и таа ги пикна в џеб во шалварите. 
не носеше шалвари, но немав рима 
(очигледо ова е песна за зима). 
после, јас овие улици да ги запамтам се трудам
 лутам низ градот, ко кусур се губам. 
сите брзаат, дотерани ко пратеници 
слават слави ко важни верници 
и ги следам збунета со триста прашалници 
дал стварно на бога се толкави поданици? 
о, не се, глас безгласен ќе рече 
и темнина праза душа ќе пресече... 
да зборнам за проп со кого немам 
но пак книгата в преграт ја земам. 
а проп пишува за бајките и што тие кријат 
и каде од човека скриени џуџиџата спијат.
верувате ли вие во магични сказни? 
ил пораснавте па сега шумите се празни 
без еднорози, дрвја што зборат 
без змееви што за слобода горат? 
о, детство, не ме оставај ко скептик гол 
без верба да живееш најтежок е бол! 

ко верена жена, наскоро во брак 
срце ми крши модерниот мрак. 
јас би раѓала деца цело племе 
но нејќам да го носат тие мојто бреме 
па пред да се отвори вагина за пород 
потпишан со крв го оставам зборот - 
дур реума не станала газда 
дур в чело не се закотвила бразда 
дур коса не побеле сива 
дур не опадне на теме грива 
а и после тоа дур душа ме држи 
дур глас умее макар да 'ржи 
јас знаме црно над глава ќе вијам 
со едно око отворено ќе спијам. 

не можам многу, сама сум ко палестина 
не вели жено, твоја е вина! 
зар бира срце кај ќе се вљуби? 
немој разумот суров да ми суди. 
а побарај зурли, тапан од дрво 
орото тешко заиграј го прво. 
и пишувај (о, тој твој талент) 
штом пијана се вратиш од стариот балет. 
еци нек ти дава инструкции психолошки 
а јас корекции ќе исправам морфолошки. 
за натака што ќе биде, нек се плаши само мајка 
ни проп сам не знаеше дека теоријата за бајка 
денес ќе е правило за да се разбере светот 
ни икар не знаеше дека над полето летот 
ко глас ќе грмне погласен од плач 
и на науката ќе и биде тајниот врач. 
ќе речеш, в метафора си стиснала песна 
но стихот ми е чесен ко сестра чесна! 
а ти разбираш поезија ко еци психопати 
па стих место порака обична врати

Царевата Ќерка:

замисли ме, штотуку од работа вратена
та од работа и до балет троа свратена
(душа да смирам од конобарски фрустрации
та денес беа иљаду од сите можни нации)
и пред морно око да склопам за почин
- да работи човек без одмор е злочин -
јас отварам фејсбук и песна твоја читам
низ твоите метафори со сласт си скитам
и како и секогаш, твоите стихој важни
колку што ме смејат, толку се и тажни...

ти секогаш си била апстрактна во творбата
место „наеба“ ќе речеш „ја кладе глата в торбата“
и други метафори, ко надреалиста
јас ако сум Моне, ти си ко Пикасо иста
уствари не се разбирам во уметнички правци
- ти ако си од Париз, јас сум од Миравци -
поентата ми беше, како се надополнуваме
за стихот автентичен да го сочуваме...

јас не знам кој е што го опеваш тој „проп“
но се сетив дека мајка ти најде за свадба поп
и скокотлива мисла ми навјаса во умот
ти, богохулна и дрска, кралица на друмот
пред бога ќе клекнеш - о каква иронија!
за да се заколнеш на вечна брачна монотонија...

та немој да ме кудиш за мојот песимизам
после работа ми иде од газов да си гризам

а тешкото!
... о, зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот
ќе соблечам штикла, сред народот стиснат
со ракија жолта ќе си го ебам векот
и оро ќе пркне ко планинско цвете
дрско без усул ќе стресам стомаче
 ќе го водам ко кума, една од двете
мајка ти дур ја гледам кај плаче
од радост ли, што ли...

No comments:

Post a Comment