27.2.14

Нека пукне брука

Царевата Ќерка:

јас знам дека ти ко секоја алтернативка
се срамиш да кажеш дека во ноќта тивка
скришно си отвараш фолдер џибони
(строго на слушалки, да не судат морони)
си ја пушташ либар и солзи си рониш
секој што те хејта в мајчината го гониш...


јас знам дека 3000 динари даде
да го слушнеш во живо тој маж од рај краден
џибони, тој е хрватскиот тоше
џибони, плачеш дур клечиш во ќоше
џибони, нежни те морничат звуци
џибони, со него би гледала внуци
џибони, сакаш да му раѓаш деца
џибони, романтично да би те клецал
џибони, се срамиш што од него се срамиш
џибони, негова слика мечтаеш да врамиш
џибони, тој нежен певец со јадрански шарм
би го ставила и ко рингтон за аларм
да не беше брука...

та немој, сестро, да фураш имиџ лажен
живот со лаги обвиен е тажен
заеби ги металика и ејси диси
признај дека фанка на џибони ти си
немој да бидеш фејкерски чмар
и ко џибони запеј: чиним праву ствар 
немој лагати да о њему не машташ
ко признаје пола му се прашта...


 Штрафта Мачка:

јас немав тајни многу, имав сал една 
и не за љубов ни за афера бедна 
туку мрачна тајна што ме мачеше често 
за мене крај чесните веќе нема место... 
кај шо грмеше тапан и оштра гитара 
се заколнав нема метал да варам 
верна ќе му бидам на звукот брутален 
и нема да пеам друг рефрен славен 
агресија ќе ми биде едина емоција 
дур високата класа живее комоција! 
но ранета падна оваа невина душа 
штом на радио џибони првпат го слушна... 
запеа уста ово ми е школа 
ја снимив на касета за кј тато в кола, 
в продавница дур кусур жена ми враќа 
тајна вештина ја пеам браќа. 
се мачев долго со двојниот живот 
под притисок бев дур пиев и пиво, 
дур другар гитара држеше в рака 
тајна вештина да чујам сакав. 
и све скришно до оној час 
кога ти еднаш без да знам јас 
в компјутер ми најде и од мвр скриен 
фолдер на џибони во Де негде свиен, 
со тајна вештина ме убеди да кажам 
дека све ќе дам џибони да го мажам! 
судете ми вие на металот богови 
на концерт му бев со илјада снобови 
и мајке ми од усни му читав – „све продај 
на увце да ти ја пеам тивко ходај“ 
за тебе можда е тешка бламажа 
ама име ќе му запишам со розе тетоважа. 
смеј се, плукај, вреѓај до утре 
јас со џибони ќе вдомам и кутре. 
тој песни има за секоја прилика 
има и за жена му ко била на клиника 
има и родољубиви песни со хор 
има и за погреб – кад ми небо буде дом
има и за трудни со музички желби 
та му е преуба – анџео у теби
готово јас нејќам веќе да се кријам
миракул ја слушам стално пред да спијам. 
не е металец ни знае да рапува 
но пубо да кажам него срце да ми скапува -
стихој би му испишала на најголем банер 
дур народ протестира со црвен хамер 
ил црно знаме дур се вее над влада 
од џибони јавно би пеела балада, 
од прва до последна, му ја знам свака 
и та капиталистичката – ниси хтјела сиромаха
па немој да ми судиш – запеј со мене 
од душата фрли го тешкото бреме 
не глуми хаце, не си толку јака 
научи го срцето џибони да го сака!

No comments:

Post a Comment