21.1.14

Писмо на далечина

Штрафта Мачка:

сто посто си заборајла во стихови да читаш
и да пишам - ко мене понекогаш си викаш
ааа! и јас не сум во екот на инспирација
па често во стомакот во вид на контракција
ме мачат рими и метафори болни
и строг глас од небото ме колни:
о пиши и на твојта муза прва
не цвеќиња, а ги пресекоа сите дрва
па пролетта нејќе да пркне ни за час
та ете в јануар, со време и јас
пак ко пушкин, стариот другар
на перото ќе му бидам слуга!



па пиши, дал градот завеси крена
и соблече магла ко млада жена
што соблекува фустан да игра пред гости
после долгите божиќни пости?
дал таа сесија - крвопиец на интелектот
и скопје 2014 - на владата проектот
се оваа година пред свршен чин
ил тело ќе ти плива в црни дрим
штом мајка ми ќе ја посетиш стара
и глупо ќе ти е да се удавиш в охридска бара
па до струга ќе одиш за таму на раат
да го дочекаш в река последниот сат?
ооо мрачно ти пишам сестро
но и мене мисли ме гмечат ко тесто
дунав ил сава, кај ќе е згодно
тело да фрлам гордо благородно?
не мислам на смртта, ни твоја ни моја
но доста е поетска црната боја
ако сакаш реално и право да ти кажам
знаејќи дека наскоро тука ќе се мажам
сфаќам дека не сум научила светол ритам
па вака те вознемирвам... морам да читам
поезија што слави и опева живот
од ракија да се префрлам итно на пиво
од пиење по шанкови да почнам в кафана
и скопје место балет да те носам во хавана.

те чекам да дојдиш но исто така
што не сум си скопје ме мачи мака
па март нек бликне во пролетта ведра
и крај тебе да растресам гради и бедра
да запејме една балада за анка
за в коси да ти скинам цвет од гранка

гледаш дека немам конкретна тема
и после толку време ме фаќа трема
зар изгубив од силниот поетски жар?
дал ти ќе ме почестиш со стиховен дар?
но главно е - ми фали таги и радости
да делиме и в старости и в младости...
денес е петок, сигурно си на работа,
сигурно и утре, пошо утре е сабота.
но в недела поздрави ја друшката твоја
здебелена во гзот за неколку броја...

---

и миладинов после тешка адаптација
болен в странство најде инспирација...
"сакам дома!" - стихови го издаваа ко солза тага

за жал по огништето не постои вага
о, другари, ве поздравувам со преграт
клети се границите меѓу скопје и белград


Царевата Ќерка:

друшке, сестрице, несреќничке мажена
на стихот твој се радвит душава блажена
ко дете што се радвит кога валка раце

ко што патриот се радвит на споменик од Аце

баш сношти си мислев, на што се должи тоа
што нас две кои поетеси не нарекоа
си немаме стих со месеци пишано
та плачев гушкајќи го мечето плишано
кога ми текна што е причината:
не скрши изгледа двете далечината
па знајме дека стих ак срочиме (а душа сака!)
тој стих ќе е тажен, ќе не скине мака
ете, јас од кога дознав за твоето мажење
болна паднав, нема потреба од лажење
тешка ме фркна некоја депресија
бога го молев: „ГОСПОДИ ВОСКРЕСИ ЈА
од мртвите мажени во ергенки врати ја
казни ги тие што друшка ми скратија
чума да ги фати Павлишин фамилија“
и одеднаш мислите ми се уозбилија
зошто колнам, си реков, српско племе
ак не беше Владо, друг ќе ја земе...

и зошто раскажав за клетвиве сега?
да, сакав да поентирам: од тага поет бега
така и јас, знаејќи ме импулсивна
одлучив да не пишам песни депресивна
но ко што му треба на спортист адреналин
така мене стихот ми е за душа вазелин
в депресија ил радост, в тага или среќа
срце сака да твори, па макар и на свеќа...

друшке сестрице, што да ти кажам:
нит белград се селам, нит решив да се мажам
животчево плови по мирни води
и моментално да ти кажам тоа ми годи
за да се опоравам од многуте шокови
од веридби, свадби, судења и рокови
па еве чекам од белград телеграма
да спакувам свечен фустан циклама
и да ти дојдам, прво убо да се видиме
а потем до матично сите да отидиме
благослов да земите вие од државата
- без црно на бело не почнува прославата-
а јас, како света и чесна сведокиња
(ова важна функција в срце ме рокиња)
да клам красен потпис в Книгата на венчани
(за ова од рима ми текнува сал Вевчани)
да речам пред сите таму, пред матичарот:
„Потврдувам, за жена ја зема политичарот
потврдувам, се сакаат и не ја зеде насила
потврдувам, Матичаре, Рада се согласила
потврдувам, не се во роднинска врска“
и овде веќе мајка ти од плачење ќе прска
„потврдувам, при здрава свест и со цел памет
на вечна љубов моногамна таа даде завет...“

и овде веќе јас ќе прскам од плачење
знаеш колку ми претставува мачење
легални односи да воспоставувам
на државни протоколи да се појавувам
спротивно на својот анти-брачен став
тажни церемонии да славам на сплав
и друшка да давам в туѓина бедна
(арно ќе беше да беше само една)
и при се`, да морам да сум и дотерана
и за сликање да држам насмевка претерана...

но нејсе, забегав сосема со песнава
од куцање почна да ме боли деснава
да резимирам кратко дека едвај чекам
ракија да пијам со тебе крај река
на сплав да те седнам, да порачам песна
на маса да се качиш ко што си ексцесна
нек почнат на пример со „пази скиме спаваш“
(знам, сега на список за свадба ја ставаш)
и знам дека на оваа цицки не би раздавала
но нек ме утепаат со „ту ноч кад си се удавала“
и за крај нека иде една брутална
за инает на србите: КРЧМА КВАРТАЛНА
http://www.youtube.com/watch?v=FS6abD2M5YA

No comments:

Post a Comment