3.9.13

We are back! А со нас и Елица Верверица

Царевата Ќерка:
колку време песна си неаме пишано?
пола година, колку што се неам ни шишано.
а косава расте, до газ ми е бидена
цветот си цвета, ја мијам на три дена.
дал твојта шишка ветрец уште ја вее,
ил повеќе пример за здрава коса не е?

да зборам за фризури не ми беше намерата
ми дојде да ти пишам, зар да се правдам, ќерата?!
ми прати ти абер скопје дека идеш
и една долга ноќ в кревет мој ќе минеш
(веројатно во друштво на две кучиња и мачка)
и што бидна со светото „страчка нема врачка“?!
зар лажно на сестра ти и се најавуваш
дека ќе дојдеш понеделник вечер ми јавуваш
и еве ја ноќта, а јас сама со книги поклопена
и вечерата оладена, и тортата е стопена
и испитот со секоја минута се приближува
а сестра ми рада, дома в кревет си замижува?
о, в арабија за извисување раце им сечат
но претерано е рака да ти исечам, ќе речат.

стварно е педерски, сменив и постелнина
и на ѕид опашав знаме со вергина
(знам, љубиш да спиеш в преграт на татковината)
и ќебе извајв, да не ти страда половината
и прашина збришав, да не те пукне алергија
и по фенг шуи наместив, да има уба енергија
и ти шо напраи, сестро, кучко стара?
да морам по фејзбуци и мејлој да те барам
за да прашам, оти не ми дојде, што се случи?
о, на главава и е тешко да учи... 



Штрафта Мачка:

место прошка да барам и свеќи да палам
што ноќва си далеку за коси да ти галам
(та коси расцветани ил потопени в балзам
да можам да ти галам и по жарој ќе газам)
веднаш ќе ти кажам на каква сум мака -

о, чујте и вие богови, браќа!

јас пишав за тропи, схеми, епитети
за сите метафорички нежни комплименти
за метрика и ритам, клета персонификација
а логично, другари, пишав и за компарација.
дур сум на темава, со опрошение, госпожи
газот андреевски да ми го лиже можи.
зар жена се опева со магични синтагми?
неизбежна патетико за дама да се грабни,
јас еве простум пред цела публика
ја рецитирам разговорната поетска рубрика.
без скриени метафори, вулгарно и чесно
ко селанка што молзи млеко пресно
ја молзам (о, знам што слики сликаш во глата)
од вимето на твојата имагинација
поезијата во секојдневната комуникација.

лесно се бега од темата главна.
торта рече... о, баш сум гладна!
но никако да завршам, а четриеста страна
зар крајот ќе дојде со првата слана?
в среда штом првите петли запеат песна
"галеб охрид" в твојта преграт лесна
ќе ме донесе за само седумсто денари
(петсто ако може мојот индекс да ги превари)

јас знам дека ти си многу пажлива
но дека прашина избриша, не биди лажлива
не се смета само полицата што ја гледаш.
и зошто, жено клета, сакаш да ме вреѓаш?
зар крај тебе не сум спиела и в лифт?
зар перница не ми биле чевли пола чифт?
јас можам да спијам и на ладната земја,
макар и утрото ме опростиш со темјан!
нејќам да ме гостиш со чаршафи прани
ни забава да спремаш со тоше ил џогани.
сал еци земи ја и мајаковски "одбрани дела"
а јас ќе земам ракија, имам скоро цела.

Елица Верверица:

Гледам се враќате во форма и пак пишувате, 
искрено од изутрина многу ме израдувавте. 
И додека ние се прашуваме кога ќе ни дојде Рада,
гејевите веќе организираа парада. 
И додека се прашувате дали ќе издржам цела ноќ без да спијам, 
еве ви признавам јас сум денски човек, нема што да кријам. 
Но тоа не треба да ве загрижува, сега сме 21 век, 
ќе испијам еден ред бул и ќе бидам во тек. 
Нема да ми биде тешко да останам до зори, 
ама во 5 саат сакам да замесите за пита кори. 
И после директно ќе отидам на работа, 
ама кога ќе дојдам дома ќе спијам до идната сабота. 
Само ти Радо дојди и земи што ти се пие, 
а јас ти ветувам дека после 12 нема да кажам дека ми се спие. 

No comments:

Post a Comment