19.5.13

За мрачната институција - бракот (спешл гест стар: Еци)


Царевата Ќерка:

ја не веруем у бракот како институција
и на свадба не прифаќам никаква значајна функција!
ни деверуша, ни старосватица, ни кума
јас нејќам да бидам, и ич не се думам.
која жена тажно стапнала на свадбен камен
во несреќата ни сиракот не и е рамен
штом пројдат првичните пеперутки в стомак
ќе види таа, ја поробува нејниот момак
што несреќа е тоа, за љубов и за среќа стара
од државата да мора благослов да се бара
и поп да мора да каже: бог ве спои, чеда
ни земен, ни небесен, пред бог глава не ведам

и на фустан да мора да се фрли цело ќесе
и во ресторан да платиш за скап ручек пресен
не! јас не сакам, о другарки, венчавање
не! јас не трпам такво понижавање...
а вие што сте решиле да следите закон
со вас јас сочувствувам и знам дека након
свадбата ќе тажите животиште цело.
о, и без свадба знае да љуби срцево врело!
џабе ме фалите, другарки, двете
кога и сами ќе се венчате едно тажно лете...

Еци:

колку само ти прва в тавче ќе летнеш
и бела руба на тебе ќе метнеш

Царевата Ќерка:


јас ако в тавче прва влетам, сестро

тогаш, чујте го зборов, ќе речам: маестро,
свири го за мене посмртниот марш, молам
та руба ќе сметнам и непристојна, гола
од карпа ќе се фрлам во бездна црна...
кај што ќе паднам посадете зрна
од жална врба, да тажам за довек
за судбата мачна на брачниот човек

Еци:

ако тебе почне јако да те ебе некој од политичка странка
ти нема да сакаш да се симнеш од неговата гранка

Царевата Ќерка:


јас кога ќе легнам со партиско копиле

(а тоа може само ако многу ме опиле)
жива да ме печат врз оган на ражен
тоа ќе го сметам ко благослов блажен

Eци:

другарке изборот тука е тажен
зар повеќе би легнала со анархист лажен?

Царевата Ќерка:


со секој би легнала, освен со функционер

од сите живи битија, тој најлош е ѕвер
а највеќе би легнала (а знам дека ти исто)
со срце чесно, анархистичко и чисто
на пример, со ред анархо скинхедите
на нашата љубов да љубоморат и лебедите

Штрафта Мачка:


aaaaaaaahhahahhahhaha mentali steeeeeeee


Еци:
зар една блудница
ќе ни кажува дека сме за во лудница

Штрафта Мачка:


се мрднав ил добро читаат моиве очи

еци поетесува, ива аман вино точи!
па уште сте одбрале ко тетки тема брак
и мудрувате двете ко чори во мрак!
о ива, така ли ме шитна лесно за рима
не се мажам јас ни во лето ни во зима.
тоа еци со нејзината старосватица
нек се весели в црква ко вистинска пропалица.
а ти што лажеш дека нејќеш маж на хартија
лажеш и дека не би се ебела со пола партија.
многу ми е срам што користам изрази блудни
уште ова ќе го кажам дур не сте останале трудни.
љубовта знае за рационалност и свест
колку за лектор што знае дневникот "вест".
не прашува чие в чие срце ќе се вљуби
ни дал ќе трае или в очај ќе се губи.
штом хормон те тресне ко саксија од тераса
знај тоа љубов е кон некоја гнаса.
дал е на хартија, усно ил на тетоважа
важно е по чинот да ви треба масажа.
а после е важна и некаква рационализација
дал в молк ќе гувеете ил ќе имате комуникација.
дал пензија со тебе сирот ќе дели
дал в затвор ќе ти носи чорапи бели.
дал ќе те сака и на очи кога немаш маскара
ил намислил бедникот со твоите да те раскара.
па ако ставиш на вага и тежат радостите
ете ти љубов, со здравје да си ја носитееееее

Еци:


јас можеби на свадба ќе ве канам

ама поетеса како вас нема шанси да станам
вие за рими сте добри
ама со мене се понашате како кобри

Царевата Ќерка:


jaс уште еднаш пред сите ќе кажам

очи да ми ископате ако решам да се мажам
ако домаќинка станам и баталам борба
ако место молотов, готвам вкусна чорба
ако му поможам на грујо да ја зголеми нацијата
ако заборавам колку ја мразам полицијата
да ме запалите другарки на клада
при чиста свест зборам, жими све не бладам

Штрафта Мачка:

офтопик - најавив едномесечна апстиненција од ленка

Царевата Ќерка:
братче, некои фази мора да се надраснат
за да можат други порти да се отворат
не тажи, та тоа е само носталгија,
да си до мене, би ти испеала чалгија

Штрафта Мачка:

знам дека е така, но стварно боли
ко да ме прегазиле цајкански коли
зар во второ лице вас да ви зборам
зар уште еден борис да бидам морам
чуј ме си, животен побратиме
морав да си одам, сфати ме, сфати ме
дајте некоја балада да слушам...
во солзи на суво не можам да се гушам

Царевата Ќерка:


о колку ми е мачно вака да те слушам

ми иде проклет џандар за загушам
нема потреба да се става главата во торбата
ти ја напушташ битката, но не и борбата
бојното поле е друго, но смислата иста:
борба за судбина праведна и чиста...

често некој партизан, во борба со фашистите
дал поради повреда, дал поради глистите
морал да напушти поле бојно...
но потем, штом закрепнел, посилен тројно
се враќал во борбата со нови сили
блиску до пушка и до другари мили...
така и ти, штом испити ти минат
ќе ни се вратиш, и душмани ќе зинат

Штрафта Мачка:

исто ко во секс кога еднаш ќе свршиш
и мораш да одмориш да земиш душа
за после пак да продолжиш ведро
и секој комшија да може да слуша

Еци:

Вие сте борци и поетеси прави
а не ко другите, ситни мрави

Царевата Ќерка:

о ти од борба ќе заминеш в крик
но од секс не би се откажала ни за миг

Штрафта Мачка:

не е вистина, од многу нешта не би се откажала
ни од вас две, зар не еднаш сум ви докажала!
само во стихот рамноправно ги ставив да бдеат
силите две што семето на иднината го сеат -
машките сокови и женските утроби врели
и страста кон вистината што в подобри времиња не цели.
револуцијата смисла би немала без нови поколенија
а децата без слобода дал друго ќе се сем привиденија?

Царевата Ќерка:

токму така, привиденија, не личности
меѓу нив и гнили црви би имало сличности
затоа сестро да се бориме мора
а јас ако престанам нека идам ќора...

No comments:

Post a Comment