19.5.13

По долгата, мачна пауза


Штрафта Мачка:

бар на еден фронт да останевме верни!
не сум те терала да возиме цистерни,
не сум напињала да косиме трева,
ни кубик дрва сум рекла да се крева.
знам дека не е лесна физичката работа
и место да ја ладиш ти работиш во сабота,
и да ми пишуваш тајно стихови нежни
штом капната си дојдеш в часови подоцнежни.
делото наше - маки во стихови страда
долго со постој стари, без нова балада.
нејќам да чујам за блудности ил таги
сети се, славевме в песна палачинки благи!
ситни нешта воспевавме ко поети грчки
и утрински прдежи и на челото брчки.
пишувавме и за нина симон и за џони кеш
пишувавме што по смртта со нашиот леш.
за љубовта кон еци и другите браќа
за битните борби што друг не ги сфаќа.
за фигури во кафе и вода за чај
за тогаш со точкот ко си баравме рај.
зар ништо не остана што може да се слави?
зар се случи све што можеше да се прави?
штом поетот веќе ќе остане без рими
ниедна не му останува сем минатите зими.
нек склопи очи и в сон нек легне вечен
штом да пее за животот бидува спречен.
ма подобро нек прекине да дише баш сега
штом музата спакувала куфер и решила да бега.
нек престане срце да му чука в гради
штом делата му се меки за да се спалат на калди.
јас нејќам жарот наш да згасне ко сијалица
од раката на во евн вработана бубалица.
нејќам да се сетат на нас ко обид што бил онака
нит да не чита само оној што многу не сака.
не ме сфаќај лошо, ни слава ме влече
нит некаква стрвност в душа ме пече.
да се рецитира гласно, тоа ми фали
домашното розе штом ни рече - навали!
што не гледа друг а нам ни е јасно
да се вметне во песна дур не биде касно.
и еден ден, кога не знам, штом чукне нашиот час
го испишавме своето, да си кажеме на глас.

Царевата Ќерка:


Зар ден дојде за армагедон да пееш

За крај на наш’те песни лаги да рееш?
Музата, не само што не не напуштила,
Таа, сестро, кај нас корења пуштила.
Од неа нема бегство и да сакаме
Цел век со музата по светот ќе акаме.
Зар е можно да се опее се што постои?
Но време е нашиот блог да се удостои
Со нови рими, ти имаш право.
Го баталивме, го зедовме готово за здраво!

Па сепак треба во обзир да се земе
(и не планирам да ти пцујам племе)
Фактот дека замрувањето на нашите песни
Е поврзано со некои твои активности бесни
На емотивен план... сепак немам намера
За убави уживања пак да ти замерам
И од вината заедничка пола ќе земам
И да не забушавам со песни ќе се стремам.

О сестро, наскоро двете ќе сме в странство
Јас во далечното словенско пространство
А ти овде близу, на дунавски сплавој
(да не се земете ме мачат стравој)
А само до лани, во станчето слатко
(а се што е слатко е секогаш кратко)
Си правевме гулаш со вино и песна
Па веста за кирија од глава не тресна
Можда во лето немавме вентилатор
Но станот беше главен за поезија инкубатор
На нашите мисли и нашите рими... 
Од тој стан бевме спремни да бутаме режими
па макар со перо, но и со пушка
и ден денес сигурно комшијата шушка
дур шах игра пред зграда со некој на клупа
дека штаб беше тоа на борбена група... 

а ете, зар стан еден ќе ни земе младост?
Зар в четири ѕида ќе остаиме радост?
Јас знам дека дур сме живи и двете
Ниедна од нас не ќе стане кретен
И само ќе одиме напред со духот
До старост, дур не ни се оштети слухот
И дури те знам, со тебе само
Во стихој ќе зборам, сакана дамо...


Штрафта Мачка:


оган ми палиш во срцето врел

јас и ти сме ко сони и шер.
ко дуле и коки, ко бане и еци,
ко трите најбитни летни месеци.
штом песна ми пишиш од тага ме лишиш
о дишам јас дур знам дека дишиш.

No comments:

Post a Comment