22.3.13

За црвеното станче, и за нашата носталгија...

Штрафта Мачка:


пошо не сме една при друга
ко возот при својта пруга,
ко пред мажот кутра сопруга
пред стихот ќе сум сега слуга.
нема да продолжам да рапувам
и кратка ќе сум, скратувам.
овој ден празник ни е драга
кј си да ти свиткам палачинка блага?
океј, ќе свиткам шо било 
ноќва да сме заедно баш ќе ми е мило.
имено, денот на поезијата се празнува
а празнина мене душа ми дразнува.
о, сега да бевме во тој црвен стан
кај шо на плима и осека опевавме бран,
кај шо еци наша немаше контрола
дур се клатеше од розе ко пират на гондола,
кај шо учевме за испит ил колоквиум тежок
кај шо спремавме план со умисла жежок.
за стотче со кусур вино од кам,
за пушење во веце (зар не ти е срам).
за долги ноќи читање во стихови
за сите чудесни измислени ликови.
за мојот месар и твојот професор
за погласниот од јутуб - мојот процесор.
зар не ти реков еднаш, на пат сме кон креација
вршејќи на правилата поетски елиминација.
па еве ти песна, моја разговорна поетесо
од сношти веќе не јадам месо.


Царевата Ќерка:


О, го славам овој поетски ден
да бев вешта, ќе ти извезев гоблен.
на него ќе имаше еден црвен точак
и ти крај него клекната, пијана кај мочаш
на нозе ќе носеше црвени балетанки
(какви што носат ватрените шпанки)
а позади хоризонтот и езерото сино
сонце зајдвит, а ти мочкаш...колку фино

но будучи да не знам гоблени да везам
ми останува само со поезија да ти влезам
но растажена сум сега од спомените за станот
ко за потонат брод што е тажен капетанот
ко тажачките во село што плачат на гробој
ко чест кога ќе изгуби витез на двобој.

о станчето мало ми беше дом втор
крадениот интернет увек беше спор
во кујната мала ми готвеше тарана
ја спиев во твојата маица распарана
од „Рибари Охрид“, навијачи вредни.
зар толку се мили спомените бедни?
понекогаш ќе пашневме колку за атер
и преку стихој ќе си ебевме матер.
о мојот професор, и твојот месар бесен!
не победивме на тој конкурс нечесен.
за пушењето во веце зар добивам прекор?
при серење, цигарата е многу важен декор.

Та имало и (не малку) такви ноќи чудни
кога гипс картон не делел при чинови блудни... 

А сега, освен спомени, што имаме друго?
зошто кратко трае доброто, о сестрице, туго..
но јас знам дека ова не е друго, туку тест
јас знам, судба ќе не обдари со друга уба вест...

во твое име, сестро, сега кревам чаша
за нашата дружба, за поезијата наша!

No comments:

Post a Comment