21.3.13

За домаќинките

Штрафта Мачка:

дур опеваме душевни растројства тажни
пред ситни нешта молчиме ко да не се важни.
затоа овој миг ко користам свето
да пишам за случување клето.
местото на жената, велат, е в кујна
в ќеса нек ја пикне косата бујна
и нек свари виршли и пире инстантно
дур мрда колк пред решо елегантно.
доместос в рака и лавабо да чисти
да не велат комшиите - дома има глисти.
да намести кревет наутро штом стане
да си најде маже, нек се вика пример - ване.
деца да роди стројни ко пушки
и пред мажот да не пушта отровни тушки.
еве еден случај од мојта неидила
на брат ми денес му се видов многу мила.
сирот, три дена со в патики нога
посака да ја растури домашната слога.
ги слече и чорап расцвета бесен
мајке ми, дознаа и луѓе од ресен!
се запрашав дал волна е ил пластика тој материјал
облекви се одма, му реков, бре будал!
но тој важно си соблече чорап црн
низ кој и да сака не ќе мине ни трн.
тогаш се запрашав, и ми падна мака
дал в машина да го пикнам гаќа моја ќе сака?
заминав наведната ко кокиче
мајко си реков, зошто сум момиче?
и еве ноќва, во веце да мијам заби
влегов поспано и четката ја зграбив.
отворив канта да истресам пепељара
дур митинзи токми цела комуњара.
и гледам таму, меѓу хартијата тоалетна,
познат пар чорапи ко шљокица ми светна.
златен чоек е брат ми си реков со радост
ги фрлил чорапите, не ми скратил младост.
па како течат твојте деној жено страсна?
чекаш недела да испериш хулахопка гнасна?
ил наведната в када периш рачно?
традицијата е кучка, ти велам мрачно...

Царевата Ќерка:

о брат ти исто, ко татко ми мој
со смрдливи чорапи стварно се гној.
но што друго ќе правиме домаќинки ние
садовите да сијаат, бебето да спие
прашина да нема, ручекот да се свари
под перница да стојат за црни дани пари
килимот да е чист, алиштата пружени
со правосмукалката ко сестри да сте здружени
со секоја комшика да си на ти
во серии турски да ти минат дни
живот ли е тоа, да му ебам мајка?
поарно да си станев радодајка!

о сестро, општеството во пранги ја стави
секоја жена, и во стеги ја дави
во патријархални обичаи и норми.
ако не се во фабрички исти униформи
тогаш нек се дома, да готват и перат
а ако не се вредни, мажите нек им серат
дека за кур не ги бива и дека само ждерат
а за памет со каиш нека ги подберат...

No comments:

Post a Comment